Биолозите, математичарите, хемичарите и физичарите учествуваа на „Ноември – месец на науката“

Неколку тимови од областите на биологија, математика, хемија и физика го забележаа учеството на нашето училиште на годинашната манифестација „Ноември – месец на науката“, која се одржа во трговскиот центар Сити мол и на Природно-математичкиот факултет во Скопје, од каде се вратија со вкупно 7 награди.  Учениците се претставија со експерименти и демонстрации од своите области.

Целта на оваа манифестација е популаризација на природните науки. Таа се организира од Природно-математичкиот факултет и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија во соработка со повеќе здруженија. На натпреварот учествуваат ученици од основните и средните училишта и е пополнет со работилници, презентации на наставници како и експерименти и демонстрации од учениците, од кои оние кои се претставуваат во трговскиот центар Сити мол во Скопје се отворени за јавноста.

Овој викенд учениците од областа на хемијата учествуваа со 6 тимови од по двајца ученици, под менторство на професорката Снежана Илиевска-Поповска. Од I година ученичките Сара Барбутова и Тамара Томова се претставија со експериментот „Purple Haze“, од III година Слободанка Димитрова и Мартин Стојков со „Вештачка свила“ и од IV година Клементина Бусева и Тијана Стојкова со „Бура“, сите со освоено второ место. Хемичарите учествуваа и со експериментите „Блесок“, „Електролиза со ќерфиите на тато“ и „ДНК од јагоди“.

Дел од експериментите со кои се претставија учениците од областа на хемијата
Дел од експериментите со кои се претставија учениците од областа на хемијата

Физичарите на 9 и 10 ноември учествуваа на 42. Школа на млади физичари, дел од оваа манифестација, под менторство на професорите Ленче Ефтимова и Ванчо Белчовски. Ученичките Билјана Витанова и Симона Златанова од II година го освоија првото место во својата категорија, претставувајќи се со демонстрацијата „Параболично огледало“, докажувајќи одбивање и насочување на електромагнетни бранови со помош на секојдневни материјали.

Во областа на биологија учествуваа ученици од I и IV година под менторство на професорката Василка Хаџи Котарова. Ученичките Анастасија Зимбакова и Светлана Иванова освоија II награда со демонстрација на тема „Еволутивно усложнување на циркулаторниот систем кај `рбетни животни“. Учениците Афродита Делева и Наташа Дончева од IV година се претставија со темата „Кратковидост и далекувидост“, а Стефани Поповска и Ристе Гудев на тема „Клонирање на растенија во инвитро услови“, двата тимови со освоена III награда.

Тимовите ученици кои се натпреваруваа во областа на биологијата