Веб платформа на наш ученик која помага за подобра интерактивна настава доби прва награда на CodeCup во Битола

Викендов во Битола се одржа средношколскиот натпревар за програмирање CodeCup каде учествуваше и нашиот ученик Митко Ников. Тој работеше под менторство на професорката Славица Милева Ефтимова и го освои првото место со својот проект – веб платформата „SchoolNet“.

Нашиот ученик се натпреваруваше во конкуренција со уште триесетина други учесници, а неговиот проект „SchoolNet“ претставува социјална мрежа, веб платформа преку која се овозможува хостирање на едукативни онлајн игри во вистинско време и истата е наменета за користење во училишната настава.„SchoolNet“ се базира на најновите технологии со почитување на синтаксичките стандарди на Google, и е со отворен извор на код, така што секој може да го модифицира и надоградува“

„SchoolNet“ се базира на најновите технологии со почитување на синтаксичките стандарди на Google, и е со отворен извор на код, така што секој може да го модифицира и надоградува

– вели Ников, кој на платформата работеше околу три месеци.

Натпреварот CodeCup е организиран од Факултетот за информатички и комуникациски технологии, а годинава негови спонзори се битолските IT компании Netcetera и Interworks.