ВИДЕО: Професорите се потсетија на најдобрите концерти

Во чест на јубилејот – 10 години одржување на хуманитарните новогодишно-божиќни концерти професорите застанаа пред камерата и споделија нивни сеќавања. Од нив побаравме да издвојат еден најомилен концерт од досегашните девет изданија и да го раскажат моментот кој им оставил најсилен впечаток.

За некои тоа беше тешка задача и беа навистина неодлучни, а дел од нив брзо ја освежија својата меморија и на наше задоволство издвоија неколку омилени настапи и изведби.

„Претставуваат едно посебно доживување за сите нас и целиот град, не само од аспект на хуманитарниот карактер туку затоа што изобилуваат со различна содржина и жанрови. Од година во година не знаеме што ново ќе се случи“, истакна професорката Софија Тошева.

Целото видео може да го погледнете ТУКА. Им благодариме на сите професори и директорката кои со своите различни коментари нè потсетија на различните концертни теми и нè прошетаа назад низ годините.

Јубилејниот концерт со наслов „ДЕЦЕНИЈА“ ќе се одржи на 5 јануари во НУЦК „Антон Панов“. Влезниците за двата термини по цена од 150 денари ќе бидат пуштени во продажба овој петок.