Државен натпревар по информатика 2023

На Државниот натпревар по информатика што се одржа на 25.03.2023 година во Скопје на ФИНКИ (факултет за информатички науки и компјутерско инженерство), нашите ученици покажаа одлични резултати. Васил Рендевски, ученик од трета година. освои прва награда, додека учениците од прва година Дениз Фетовски и Јаков Серафимов добија пофалби за успешно учество, ментор проф. Славица Милева Ефтимова, и Глигор Манчев од втора година, ментор проф. Софија Тошева.