Кошаркарите први на турнирот за средни училишта во чест на патронот на Струмица

Кошаркарскиот тим на нашето училиште учествуваше на турнирот во кошарка за средни училишта кој секоја година се одржува во чест на патронот на градот Струмица – Светите Петнаесет тивериополски свештеномаченици.

На турнирот учествуваа сите три средните училишта од Општина Струмица – СОУ „Димитар Влахов“, СОУ „Никола Карев“ и нашето училиште. Во составот на нашето училиште играа ученици од I и II година. Нашиот тим го освои првото место на турнирот.

Список на Училишниот кошаркарски тим: Љупче Зетов, Дејан Ѓоргиев, Стефан Тегарски, Андреј Дамјановски, Томислав Манчев, Мартин Ѓоргиев, Кирил Христов, Васил Тасев, Влатко Вучков, Борис Ѓотев, Столе Иванов, Ѓорги Јанев, Ристе Бунгурџиев, Миле Ѓоргиев, сите под менторство на професорот Атанас Цикарски.