Наши ученички на иновативен камп во Скопје

На иновативен камп кој се одржа минатиот петок во Скопје учествуваа и пет наши ученички од кои две беа дел од тимовите кои осовија второ и трето место на предизвикот за иновативни решенија.

На кампот учествуваа 110 средношколци од 13 градови од земјата. Истиот е во организација на Џуниор Ачивмент Македонија. На настанот учениците работеа во тимови и со помош на бизнис волонтери и примена на своите претприемачки вештини бараа иновативни решенија за бизнис предизвици.

Нашето училиште го претставија ученичките Верица Ахтаровa, Викторија Даниловска, Ивана Трајковска, Миа Јанева и Наталија Ристова од III година, под менторство на професорката Македонка Манушева. Учениците беа поделени во тимови со средношколци од други училишта и градови.

На кампот учествуваа пет наши ученички од кои две беа дел од тимовите кои осовија второ и трето место на предизвикот за иновативни решенија
На кампот учествуваа пет наши ученички од кои две беа дел од тимовите кои осовија второ и трето место на предизвикот за иновативни решенија

Тимот 19, во кој учествуваше и нашата ученичка Ивана Трајковска, го освои второто место. Решението за нивниот предизвик е платнена подлога која со помош на паметни чипови ќе го следи седењето на луѓето и ќе има за цел да помогне во поправање на неправилното седење.

Третото место на натпреварот го освои тимот 21 составен од  ученици од Куманово, Скопје, Дебар меѓу кои и нашата ученичка Верица Ахтарова. Тие се претставија со идеја за столче што ќе работи на струја, погодно за сите временски услови и за транспорт така што луѓето ќе може да носат работи со себе, а може да помогне и на лица со телесен инвалидитет.