Одбојкарите на СОУ „Јане Сандански“ ќе учествуваат на Европско првенство!

Машката и женска одбојкарска екипа на СОУ Јане Сандански – Струмица како државни прваци и средношколски шампиони, заминаа за Требиње – Босна и Херцеговина, каде од 21 до 27 Мај 2023 ќе учествуват на Европското првенство во одбојка за средни училишта.