Пријавете се на националниот Microsoft Office Specialist натпревар

Националниост Microsoft Office Specialist натпревар е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години, односно сите ученици од основните и средните училишта, како и студенти на факултет. Учесниците на овој натпревар имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office алатките Word, Excel и PowerPoint (2013 или 2016) и да се стекнат со меѓународно признат сертификат.

Во првата фаза од натпреварот учениците од цела Македонија се натпреваруваат на локално ниво, за потоа најдобрите 40 ученици да влезат во големото финале од каде што се избрани најдобрите претставници. Победниците на националниот натпревар ќе се стекнат со можност да учествуваат на Светскиот MOS натпревар кој годинава ќе се одржи во Њујорк, САД, од 28 до 31 јули.

Доколку сте заинтересирани, контактирајте еден од нашите професори по Информатика Славица Милева Ефтимова, Софија Тошева или Бобан Цветковиќ.