Проектот „Пробот“ со очекувани резултати

Природните науки се длабоко втемелени во историјата на нашето училиште, а овој тренд продолжува и понатаму, со се’ поголем интерес на учениците за запишување во Природно – Математичкото подрачје. Покрај моментот што голем дел од учениците својата иднината ја гледаат во ИТ секторот, тука придонесува и ангажирање и посветеност на колегите од овие активи, кои знаат како да ги препознаат вредните ученици и да ги мотивираат да го развиваат сопствениот талент. Во продолжение пример како треба да изгледа STEM (Science, Technology, Engineering and Mathematics) образованието, на кое се дава многу голем акцент на Европско ниво.

Нашето училиште успешно го спроведува Еразмус + КА2 проектот: Probot (Учење на програмирање со помош на робот), кој се имплементира заедно со останати шест средни училишта од Европски држави (Полска, Италија, Словенија, Литванија. Грција и Северна Македонија), а носител е факултет од Катовице, Полска. Проектот започна во ноември 2017, а треба да заврши во август 2020. Оваа година се работеше на развој на лекции кои се нови и иновативни, а наставниците по информатика, математика и физика можат да ги користат во наставата, при што се користи програмирање како основна врска меѓу лекциите и роботот Лего Mindstorm EV3, кој го набавивме за потребита на проектот.

Како резултат од проектот се очекува база на нови креативни лекции, за потребите на овие три предмети кој треба да го поттикне интересот на учениците за природни науки, како и важноста на програмирањето како линк во современата едукација. Официјалната страна на проектот е https://probot.smcebi.edu.pl , и ќе се надградува до завршување на проектот, со цел да се добијат образовни ресурси слободни за користење.

Наставникот Софија Тошева ја осмисли лекцијата по информатика, во вид на игра: Користење на еднодимензионално поле и сензори за боја, а наставникот Елизабета Витанова лекцијата по математика: Граф на линеарна функција. Овие лекции беа успешно имплементирани и евалуирани. Наредната година останатите три наставници, вклучени во проектот Славица М. Ефтимова, Бобан Цветковиќ и Ванчо Белчовски ќе работат на лекциите. Оваа година во јануари, се одржа координативен состанок во Каунас, Литванија, а во август ќе се одржи во Идрија, Словенија. Нашето училиште треба да биде домаќин во пролет, 2020 година.

Координатор: м-р Софија Тошева