Проект Еразмус +, на тема “Multiculturality, diversity, integration- equal opportunities for everyone”04-09.04.2022 СОУ„Јане Сандански“- Струмица

Во склоп на проектот Еразмус +, на тема “Multiculturality, diversity, integration- equal opportunities for everyone” во нашето училиште денеска пристигнаа професори и ученици од пет држави и тоа: Романија, Германија, Италија, Турција и Естонија.

Пречекот беше традиционален- во народна носија учениците ги пречекаа гостите со чурек и локум. По воведниот говор на координаторот Софија Тошева, секоја група се претстави. Потоа учениците Дамјан Зимбаков и Александра Тошева ги прошетаа гостите низ училиштето, па започнаа со воведна активност Бинго. Потоа следеа активности како квизови, видео презентации подготвени од секоја држава. По паузата за ручек, сите отидоа на прошетка за запознавање на градот (преку игра осмислена и подготвена од ученичките Павлина Ефтимова и Ангела Николова) и посета на музејот во Струмица, предводени од професорот Бобан Цветковиќ. После слободните попладневни часови, наставниците и учениците продолжија да се дружат меѓусебно.