Професорите по информатика од нашето училиште присуствуваа на предавање за Code.org

Минатата среда во амфитеатарот на ФИНКИ во Скопје, претседателката на Code.org, Alice Steinglass одржа предавање на која по нејзина лична покана присуствуваа и тројца наши професори по Информатика.

На предавањето нашите професори Бобан Цветковиќ, Софија Тошева, Славица Милева – Ефтимова и раководителот Валентина Николова, имаа можност да се запознаат со работата на Code.org, во чија работа е вклучено користењето на нови техники и начини за предавање во училишната настава.

Инаку Code.org е меѓународна најшироко користена наставна програма за предавање на компјутерски науки во основните и средните училишта. Наставната програма е преведена на 25 јазици и се користи од десетици милиони студенти и милион наставници ширум светот.