Роман Хакен, претставник од ЕЕСК, во посета на нашето училиште пред 10-от YEYS настан

Вчера во посета на нашето училиште беше Роман Хакен, член на Европскиот економски и социјален комитет, кој одржа средба со директорката Невенка Стојанова и со учениците кои во март ќе учествуваат на јубилејниот 10-ти „Твоја Европа, твој збор“ настан во Брисел, заедно со нивниот ментор, професорката Катерина Калева Тасева.

Роман Хакен исто така одржи презентација во салата за состаноци, каде пред 30-тина ученици ја претстави својата институција, зборуваше за функционирањето на Европската Унија и за настанот „Твоја Европа, твој збор“ и одговараше на прашања на учениците поврзани со овие теми.

Настанот „Твоја Европа, твој збор“ е во организација токму на Европскиот економски и социјален комитет, и преку истиот ученици од Европа имаат можност да ги споделат своите мислења и истите преку комитетот да стигнат до високите институции во ЕУ како Европската Комисија и Европскиот Парламент.

Годинава настанот прави 10-годишнина, и истиот ќе се одржи на 21 и 22 март во Брисел, каде меѓу другото ќе се дебатира и за претстојните избори на Европскиот Парламент кои треба да се одржат во мај годинава. Оваа година на настанот ќе учествуваат 99 ученици од 33 држави кои се членки или кандидати во ЕУ, а меѓу нив ќе бидат и тројца наши ученици како претставници од Македонија.

ФОТОГАЛЕРИЈА