СОУ „Јане Сандански“ дел од проект „Роболоко“ во партнерство со субјекти од Норвешка, Германија и Португалија

Роболоко e Еразмус+ проект кој се имплементира од 2020 година, во соработка со Норд универзитетот од Норвешка, програмерска компанија од Германија и институција за технолошки иновации образованието од Мадеира, Португалија и СОУ „Јане Сандански“, како единствено средно училиште.

Цел на проектот е нова едукативна видео игра, која би помогнала на учениците во компјутерското размислување, каде на забавен начин би учеле програмирање во Python, и би ги совладувале препреките во трката, со цел да испрограмираат робот кој ќе ги победи соучениците додека се тркат на иста патека.

Транснационалниот состанок со сите партнери се одржа од 14 до 16 Септември во Струмица во просториите на СОУ „Јане Сандански“ каде учениците ја тестираа втората верзија на играта со цел да се види интересот кај учениците и можни корекции за финалната верзија. Ова видео игра би била слободна и работи на смарт телефони и таблети, достапни за секој ученик.

Партнерите од Норвешка имаа прилика да го презентираат факултетот , кој е еден од водечките во Европа за ваков вид на индустрија за видео игри и срдечно ги поканија нашите матуранти да бидат нивни студенти, со оглед на поволностите кои ги нуди Норвешка за студирање.

Гостите беа многу задоволни од креативните идеи што ги добија од нашите ученици, како и од нивниот интерес за играта. На проектот работат наставниците по информатика од училиштето, координатор е професорката Софија Тошева, а истиот е со поддршка на директорката Невенка Стојанова.