Спроведен конкурс за есеј по повод 70 години од Декларацијата за човекови права на ОН

По повод 70-годишнината од Декларацијата за човекови права на Обединетите Нации, донесена на 10 декември 1948 година, нашето училиште распиша награден конкурс за есеј насловен „70 години од донесувањето на Декларацијата за човекови права“.

На конкурсот првото место го освои ученичката Зуле Василева, проследена од Бојана Конева со второ место и Лилјана Петрова која го освои третото место. Наградите за учениците ги додели директорката Невенка Стојанова.

Пофалници им беа доделени на ученичките Александра Атанасова, Усние Асаноска и Гордана Костова, а училиштето додели и благодарници на професорите кои учествуваа во организацијата на конкурсот и оценувањето на есеите Ѓорги Трајков, Борка Дончева, Даница Палазова, Јосиф Печков и Катерина Ќосева.