Трета Еразмус+ мобилност во Германија

СОУ ,,Јане Сандански” – Струмица со двајца претставници  од училиштето Бобан Цветковиќ и Ленче Русева, во периодот од 28.11 до 04.12.2021 година реализира уште еден проект во рамки на Еразмус+ на тема ,,Мултикултуралност, еднаквост, интеграција – еднакви можности за сите“ во градот Fürstenfeldbruck, Германија. Во овој проект учествуваа шест училишта од: Германија, Естонија, Турција, Италија, Романија и Република Северна Македонија. Работните средби се одржуваа во Гимназијата Вискарди во градот Fürstenfeldbruck. Остварена беше средба со Градоначалникот на градот кој ги запозна учесниците со начинот на работа на Општината. Беа презентирани двојазични брошури на тема “Обединети во различностите”, се реализираа интересни работилници со ученици од гимназијата кои преку глума и игри ги активираа сите присутни да дадат свое учество на темата. Нашето училиште се претстави со  презентација и брошури изработени од учениците. Нашите претставници имаа уникатна можност да присуствуваат на часови со цел да се види како функционира образовниот систем во Германија. Беше организирана посета на градовите Аугсбург и Минхен.  На финалната церемонија учениците од гимназијата Вискарди се претставија со читање поезија,глума и акробации изведени од училишниот циркус. Исто така беа свечено доделени сертификати на присутните учесници и ученици и се организираше традиционален ручек со германска традиционална кујна. Целиот проект се организираше под координаторство на професорката по информатика Софија Тошева.