Успешен крај на проектот Probot

Горди сме на нашиот завршен прв КА2 Еразмус + проект (Иновации во образованието-стратешки партнерства), кој започна во 2017 и покрај новонастанатите услови, успеа да се реализира во предвиденото време . Резултатите од проектот: „Научи да програмираш со помош на робот- Probot“ , се применливи во природните науки и се богат ресурс за сите наставници ентузијасти. Материјалите имаат за цел учениците да учат на интересен начин преку практични вежби, спојувајќи ја теоријата со применливо знаење, кое ќе им овозможи да размислуваат критички, а воедно и да учат програмирање. Посебен ресурс претставува апликацијата, т.н. Симулатор, која овозможува реализација на дел од вежбите со виртуелен робот, доколку не располагате со Lego робот.

Благодарност до целиот тим на креативни наставници, кој работеше на проектот, директорот на училиштето, како и на учениците, кои работеа посветено и дадоа свој придонес за успешна реализација.

Резултатите може да ги погледнете на следната веб страна,  сите се на македонски јазик и слободни за користење, со цел унапредување на СТЕМ образованието во нашата држава.

https://probot-mk.smcebi.edu.pl/

Координатор на проектот

М-р Софија Тошева