Училишен натпревар – пријавете се!

Нашето училиште ќе учествува на втората мобилност, која ќе се одржи во Романија од 8-14 Март, во рамките на Еразмус проектот “ Multiculturality – Diversity – Integration”. Проектот ги третира проблемите на различноста од било кој вид меѓу младите , со цел да пронајдеме начини како да ги надминеме, барајќи сличности и заеднички јазик на комуникација. Се повикуваат учениците од нашето училиште да учествуваат на конкурсот за изработка на лого на тема: Толеранција. Истото треба да биде во формат пригоден за печатење на блуза. Најдоброто лого ќе биде наградено со учество на мобилноста во Романија, каде ќе учество ќе земат ученици од средни училиште од Италија, Романија, Естонија, Турција, Германија. Учениците со талент за графички дизајн да пратат свое идејно решение на координаторот на емаил: proekti_inform@yahoo.com

Заедно со логото, да се прати:

  • име и презиме
  • клас на ученикот и
  • телефон

Краен рок е 1.02 (сабота) до 18 часот. Право на учество имаат ученици од прва до трета година.

Ви посакуваме успех!

Партнерското училиште од Романија: Colegiul Naţional ,,Mihai Viteazul”