Училишниот тим во футсал прв на зонскиот турнир

Заврши првиот турнир во футсал за девојчиња за средните училишта од зоната Струмица на кој нашиот тим се пласираше на првото место. Тие покажаа добра игра, победувајќи со 4:1 против тимот на СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица и 0:4 против тимот на СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш. Турнирот се одигра во салата на СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица, а вториот турнир ќе се игра наредниот вторник во Радовиш.

Резултати од турнирот:

СОУ „Јане Сандански“ – Струмица 4:1 СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица
СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш 0:4 СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
СОУ „Димитар Влахов“ 2:1 СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш

Составот на нашиот училишен тим, под менторство на професорот Атанас Цикарски:

Елена Панеска, II-6
Кристина Митева, I-11
Јана Колева, III-11
Македонка Ѓоргиева, I-9
Ивана Николова, IV-6
Теодора Николовска, I-11
Славица Цветанова, II-11