5 октомври – Светски ден на учителот

Почнувајќи од 1994 година денот 5 октомври е познат како „Светскиот Ден на Учителот“. Оваа година, со оглед на ситуацијата во којашто се наоѓа светот, овој ден доби уште поголемо значење под мотото „Наставници – водачи во кризата и ресоздавачи на иднината“.

Светскиот ден на учителот e прилика да издвоиме момент за да им укажеме благодарност на сите професори за досегашниот нивен придонес и учество во изградба на повеќегенерациско квалитетно образование. Новата учебна година е еден голем, но значителен предизвик за сите нас. Вам професорите, ви благодариме за посветеноста и упорноста, за справувањето со сите пречки низ целиот овој процес. Вие сте водачи низ едукацијата, поддржувачи и оптимисти на сите ученици и нивни родители во паралелно време кога светот се справува со глобална пандемија. Сите ние да ја покажеме нашата општествена одговорност и заедно најпродуктивно да го совладаме претстојниот период.

Наставниците ја играат една од најважните улоги во нашите општества и ние мора да обезбедиме нивната работа да биде соодветно ценета и почитувана.