HiClass проект во Полска

Во рамките на Еразмус проектот HiClass , оваа недела се одржа транснационален состанок во полскиот град Жежов, со присуство на наставници од партнерските училишта од Италија, Романија, Португалија, нашето училиште, како и претставници на компаниите Danmar Computers од Полска и MEUS од Шпанија.Партнерите работат на создавање на нов наставен модел – иновативни методи за хибридната настава (онлајн и со физичко присуство), кои би се користеле како корисен ресурс во секое училиште, преку соодветна платформа за наставници. За таа цел се дефинира профил на Дигитален менаџер во секое училиште кој би помагал на наставниците за успешна имплементација на новите методи .На овој последен состанок се дефинираше завршната фаза на проектот, имплементација, како и десеминација на истиот.Од нашето училиште присутни беа координаторот на проектот Софија Тошева, како и наставниците Анита Станковска и Полина Ашикова.