ПРОЕКТИ


I ЕКО – СТАНДАРД: ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА
Полиса: Рационално користење на електричната и топлинската енергија во училишната зграда.
Цел: Намалување на потрошувачката на електрична и топлинската енергија за 10% во споредба со претходната година.
II ЕКО – СТАНДАРД: ЗАШТЕДА НА ВОДА
Полиса: Рационално користење на водата во училишната зграда и двор.
Цел: Намалување на потрошувачката на вода за 10% во споредба со претходната година.
III ЕКО – СТАНДАРД: ОДРЖУВАЊЕ НА ЗГРАДАТА И ЗДРАВА СРЕДИНА ВО УЧИЛИШТЕТО
Полиса: Здрава и чиста внатрешна средина за учење и работење.
Цел: Обезбедување на здрави услови за учење и работење во училиштето.
IV ЕКО – СТАНДАРД: УРЕДЕН И ЕКОЛОШКИ ДВОР
Полиса: Уреден и функционален двор кој е во согласност со потребите за заштита на животната средина.
Цел: Функционално уреден двор според сите еколошки параметри на начин на кој максимално ќе користи за потребите на сите
кои престојуваат во училиштето.

СОУ „Јане Сандански“ е дел од ЈЕS проектот „Програма за учење преку работа“ организиран од USAID. Обуките за вклучените
наставници во проектот се организирани во два модули и истите се реализирани во претходната учебна година.
Програмата е фокусирана на следното:
• Воведен модул чија цел е презентација на содржината на програмата и запознавање со природата и структурата на истата, согледување на
нејзината важност и препознавање на бенифитите кои ги носи нејзиното реализирање.
• Планирање и подготовка преку која учениците ќе можат да ги идентификуваат своите работни вредности но и потребните предуслови за
вклучување на работно место. Да изберат работодавач-домаќин и компанија за учење преку работа и да ги спознаат одговорностите во
реализацијата на проектот.
• Реализација на активности за учење преку работа е покомплексен и а со тоа и временски подолг модул за реализација, поделен низ повеќе
активности. Првата активност е посета на компанија. За реализација на истата потребно е да се направи избор на компанија, да се согледат
можностите за спроведување на посетата и да се идетификуваат чекорите за успешна реализација. Успешното спроведување на првата активност
ја овозможува реализацијата на втората активност: Набљудување на работно место. Оваа активност им дава шанса на младите да посетат
различни работни места и да видат различни работи и можности за кариера. Работно искуство или практична настава во компанијата е една
повисока цел која овозможува стекнување на соодветно работно искуство. Ова е солидна можност за практична примена на стекнатите знаења во
училиштето, стекнување на искуство во одредена област, можност за учење од искусни работници – професионалци, усовршување на техничките
и комуникациските вештини на ученикот но и давање одговор на прашањето: Што сакам да работам или која е мојата идна професија?

СОУ „Јане Сандански“ потпишаниот Меморандум за партнерство за соработка, разбирање и взаемно дејствување во зголемување
на вработливоста кај младите со БАС (Бизнис академија Смилевски) – Скопје, ќе го интегрира и оваа учебна година. За таа цел и во учебната
2013/2014 година Бизнис академијата Смилевски-БАС ќе го дава следниот придонес во партнерството со СОУ „Јане Сандански“:
• еднаш годишно ќе организира бесплатна сертифицирана методичка работилница за осовременување на наставата по бизнис;
• бесплатно ќе го спровеува испитувањето за учениците за професионална ориентација (МОКУ);
• на најдобриот ученик кој избрал тема од областа на бизнисот ќе му подари пригодна книга и ваучер од 300 евра за секоја од трите студиски
години, односно вкупно 900 евра доколку тој ученик се одлучи да студира на БАС;
• еден соработник на БАС (наставник или ментор) ќе одржува најмалку еден наставен час во наставата по бизнис во СОУ „Јане Сандански“;
• еден соработник на БАС (наставник, ментор или студент на ПДС) да дава менторска подршка на проектниот тим (стручен актив) за
унапредување на наставата по бизнис.

Нашето училиште стапи во контакт со средното училиште Јилдис Тинас Измироглу Анадолу од Измир, Турција. Започнавме
интензивна соработка преку изработка и реализација на проект за соработка и збратимување на училиштата. Целта на овој
проект е учениците од двете земји да се запознаат со културата, литературата, и традицијата на другата земја и да им се даде
можност да за посета на истата и развивање и негување на пријателство. На тој начин,преку посета на другата земја,
учениците би имале можност да направат една споредба за обичаите, културата и начинот на живеење на нивните врсници,
како и нивните навики.

Во учебната 2013/2014 година, во училиштето ќе престојува Бриџит Гилиленд, кандидат од
проектот „Асистенција на наставниците по англиски јазик“ во склоп на програмата
Fullbright. Целта на нејзиниот престој ќе биде со нејзиното познавање на англискиот јазик
како мајчин, да го подигне нивото на часовите по англиски јазик од сите четири години од
гимназиското и средното стручно образоваие. Исто така се планира да се обезбедат услови
за одржување предавања, како за учениците, така и за професорите, обуки за наставниците и
ред други активности кои ќе бидат од немерлив интерес за нашето училиште. Уште еден
бенефит ќе биде нејзиниот придонес во запознавањето на нашите ученици со американската
цивилизација, историја и култура.
Се надеваме дека овој престој на Бриџит Гилиленд ќе допринесе за развивање на културната
размена и соработка помеѓу Македонија и САД.

Како дел од соработката на општина Струмица и општина Грујец, Полска , нашето училиште
воспостави контакт со Средно училиште –Гимназија “Пиотр Скарга|” од град Грујец –Полска. Нашата
соработка би требало да се одвива во рамките на потпишаниот договор за соработка помеѓу двата града
Струмица и Грујец.
Со цел продлабочување на соработката помеѓу двете училишта се формираа работни групи од
наставници и ученици од двете страни. Предмет на нашето заедничко дејствување ќе бидат ученички
активности под менторство на наставниците вклучени во проектот.
Учениците имаат задача да истразуваат и снимаат кадри фотографиии и слично кои ќе го
отсликувааат нивниот средношколски живот кои потоа ќе се монтирааат во краток аматерски филм .
Истиот тој филм би требало да се синтетизира со можеби сличен таков кој ќе го изработат
учениците од партнерската гимназија од Грујец,Полска. Целта е да се споредат различостите и
сличностите помеѓу двете групи на млади и на тој начин меѓусебно да се доближат .
Работната група од нашето училиште се состои од 12 ученика , Директорот на училиштето-Вања
Велева, 5 наставника-Љупка Галазка-Василев(координатор ), Соња Фиданова, Жаклина Михајлова,
Катерина Милушева, Анита Станковска и Соња Иванова.

Проектот МОДЕЛ ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ се организира во 21 средно училиште во Македонија, а исто
така и во земјите од Европска Унија. Целта на овој проект е да се запознаат младите со функционирањето на
Европскиот Парламент и за таа цел се организираат симулации во кои што секое училиште претставува една од земјите
членки на Унијата.
Во овој проект нашето училиште учествува со 3 ученика  кои претставуваат еден од
петте комитети од одредена земја во Европската Унија.
Преку јавно говорништво кое се одвива на англиски јазик се одредуваат 5 најдобри ученици кои ќе ја сочинуваат
делегацијата на Македонија на интернационалната конференција во Берлин 2016 година.
Изборот се изврши во Скопје во февруари.
3826 Вкупно 1 Денес