Професори со најмали и најголеми отстапки на екстерно

Денес Министерството за образование и Државниот испитен центар ги објавија ранг-листите на кои процентуално се прикажани отстапките од оценките по професор.rankingНа онлајн ранг-листата се истакнати само 20% од професорите кои имале најмало отстапување и 20% од професорите кои имале најголемо отстапување. Резултатите се направени согласно извештајот од спроведеното екстерно проверување на постигнувањата на успехот на учениците за учебната 2012/2013 година.

Од листата со 3884 професори ги издвојуваме само оние кои работат во нашето училиште:

  • Со најмали отстапувања
    Виолета Стојчева (10,98%)
    Марика Георгиева (11,30%)
    Марика Лазарова (12,10%),
    Снежана Пијанманова (12,80%)
    Анита Станковска (13,28%)
    Зуле Цонева (13,63)
    Лилјана Станоевиќ (15%)
  • Со најголеми отстапувања
    Сузана Гојкова (25,68%)
    Валентина Николова (26,58%)
    Елизабета Витанова (27,78%)
    Стаменка Џорлева (27,78%)
    Борис Атанасов (28,03%)
    Тања Танчева (30,60%)
    Петруш Џорлев (31,98%)
    Весна Врешкова Спасова (31,98%)
    Блажо Михајлов (34,25%)

Целосната листа може да ја погледнете ОВДЕ. Сите останати кои не се на листата припаѓаат во групата „професори со средни отстапки“.

Наставниците коишто се наоѓаат во листата на најголеми отстапувања во оценувањето на учениците во учебната 2012/2013 година ќе добијат соодветна стручна советодавна помош, односно ќе посетуваат советодавни обуки коишто ќе бидат организирани од страна на Бирото за развој на образованието.

Решенија за зголемување, односно намалување на платите на наставниците ќе се изготуваат почнувајќи од учебната 2013/2014 година, за која извештајот ќе бидe објавен во втората недела на месец септември.