4 златни медали за тимот на СОУ „Јане Сандански“ на ЈЕИЛ Универзитетот

Тимот на ученици од СОУ „Јане Сандански“ кој учествуваше на финалниот натпревар по англиски јазик на Светскиот ученички куп се врати во Струмица со освоени 4 златни медали.

Под менторство на професорките Верица Јанкова и Натка Јанкова, ученичките Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова при учество на финалниот натпревар по англиски јазик на Светскиот ученички куп кој се одржа во ЈЕИЛ Универзитетот во Њу Јорк, САД, се вратија во Струмица со освоени 4 златни медали.

Тие претходно постигнаа успеси и на преелиминарниот натпревар во Дубаи и полуфиналниот натпревар Атина. Поради нивниот успех, следната година ваков натпревар е најавен од Светскиот ученички куп да се одржи и во Струмица.

1228 Вкупно 3 Денес

One thought on “4 златни медали за тимот на СОУ „Јане Сандански“ на ЈЕИЛ Универзитетот

Comments are closed.