Нашата ученичка Теона Галабовска II-2, капитен на женската фудбалска репрезентација на Македонија У17, ја предводеше својата екипа на силниот меѓународен турнир во Италија. На овој турнир Теона еднаш ја затресе противничката мрежа за победа од 3:2 во 1/4 финалето против Словенија и два пати во 1/2 финалето за победа од 6:4 против Албанија. Нашата репрезентација турнирот го заврши на високото второ место и се закити со сребрен медал.🥈👏🏆Честитки и уште многу успеси во иднина!👏🍀
