Во сабота на 10-ти мај се одржа 26-тиот државен натпревар по македонски јазик и литература во Делчево. На натпреварот имаат право да земат учество училиштата со само еден свој ученик, а од нашето училиште учество зеде ученичката Вања Китанова.
Вања Китанова од трета година го освои четвртото место со постигнати 92 поени од можни 95 поени, под менторство на професорот Павле Стојанов.
Честитки до наградената ученичка и до нејзиниот ментор!