Ученикот од прва година го користи почетокот од распустот за подготовки во Скопје пред учеството на неговата прва Олимпијада.Димитар Бајрактаров заедно со уште двајца средношколци од Македонија ќе ја претставуваат нашата држава на големото натпреварување од областана информатиката.
Осмата Јуниоска Олимпијадата по информатика ќе се одржи во Белград од 23 до 28 јуни како дел од настанот Mathematical Grammar School Cup 2014.
Заедно со нашите претставници во натпрeварувачката конкуренција ќе бидат информатичари од Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Босна и Херцеговина и Србија.
Целта на оваа Олимпијада е да го зголеми интересот за информатиката и технологијата, како и да ги тестира квалитетите на учениците при совладување проблеми со помош на компјутер.
Инаку, ученикот во месец март освои трета награда на државниот натпревар по информатика во почетно ниво, а под менторство на професорката Софија Тошева беше дел и од второнаградениот тим за изработка на Kodu Lab игра.
Димитар ќе ја искористи оваа одлична можност да воспостави многу контакти со млади луѓе од целиот Источен регион на Европа. Му посакуваме многу позитивни искуства и весели моменти!