Под мотото „ Дарувај крв, спаси живот“ учениците од четврта година при нашето училиште учествуваа во крводарителската акција, која се спроведе денес. Околу 50 млади матуранти денес ја истакнаа својата хуманост и желба да помогнат на оние накои ваквата помош им е животно неопходна. Право да дадат крв имаа оние кои имаат полни 18 години или 17ипол со потпишана согласност од родителите. Ова е уште една во низата на спроведени акции од ваков карактер во нашето училиште. Како долгогодишна традиција се надеваме дека ќе продолжи понатаму, будејќи ја кај младите хуманоста.
„ Дарувај крв, спаси живот“
