Денес заврши дводневната обука во организација на Фондацијата „Отворено општество Македонија“ на тема Демократско управување и партиципативност во училиштата која опфати 15-тина професори од нашето училиште.Првиот ден, петок, преку 6-часовна заедничка работа во хотел Илинден професорите подготвија Т-табела за традиционално и современо училиште и учеа за демократското управување во образовниот процес.
Денот сабота беше резервиран за специјална работница „Лична карта“, учество на учениците, учество на родителите, истражувања.
Како резултат на обуката, освен резиме беа споделени и нови насоки за работа кои се само доказ дека нашите професори имаат интерес за надоградување на професионален план. Несомнено, секоја обука на којашто присуствуваат претставници од наставниот кадар значи нови начини на функционирање кои треба да донесат свежина и позитивни промени.