Димитар Бајрактаров најдобар програмер во Македонија!

По завршувањето на државниот натпревар по информатика, кој беше одржан во Амфитеатарот на ТМФ, добивме импресионирачки резултати.
Димитар Бајрактаров
Нашиот програмер Димитар Бајрактаров од втора година, го зеде првото место, по што се пласира на Олимпијадата по информатика. Но, со пофалница за успешно учество се врати и Ѓорги Каламерников, ученик од трета година. За тоа беше заслужна нивната менторка м-р Софија Тошева.

„Како ученик од втора година, сум задоволен од своите резултати кои ги постигнувам. Сето тоа што го постигнувам е поради моето континуирано учење. Ништо не претставува потешкотија, кога ќе седнеме и ќе научиме. За натпреварите по информатика, најлесно учам кога имам пуштено музика и сум во релаксирачка атмосфера. Мојата менторка проф. м-р Софија Тошева е секогаш расположена за да го објасни она во коешто наидувам на загатка. Од себе очекувам успех и на Олимпијадата по информатика“, вели Бајрактаров.

На Олимпијадата по информатика, која ќе се одржи од 17-18 април 2015 год. на нашиот информатичар му посакуваме уште поголеми успеси.
11120545_811464635569199_1578542847_n