Дмитар Звонимир Митев е петтиот математички олимпиец на гимназијата

По освојувањето на бронзен медал на Македонската математичка олимпијада, Дмитар Звонимир Митев е петтиот ученик во историјата на нашата гимназија кој има освоено медал од олимпијадите по математика.

Дмитар учествуваше на Македонската математичка олимпијада под менторство на професорката Елена Лазарева, која се одржа на 21 април во Скопје, во просториите на Универзитетот ФОН. Од таму тој се врати со одлични резултати, освојувајќи го бронзениот медал.

Пред Дмитар, со медали од олимпијадите по математика од нашата гимназија се имаат закитено само учениците Наско Караманов, Кире Триводалиев, Димитар Бајрактаров и Иван Мастев.

Инаку претходно Дмитар има освоено I место и максимални 100 поени на општински и регионален математички натпревар, II место на Државниот натпревар, 3 златни медали на „Математика без граници“, пофалници на Иранската геометриска олимпијада, „Purple Commet“ и на натпревар во организација на Универзитетот Мекмастер од Канада.