Лекција низ ходниците: Добрата исхрана е половина здравје

Учениците се секогаш расположени да создадат весела атмосфера низ ходниците и да измамат насмевки и опуштена комуникација со своите професори. t9Денешниот меѓународен ден на здравјето беше одбележан со учество на сите ученици во подготовка на штандови со здрава храна. Докажано е дека учениците најдобро знаат да учат едни од други преку секојдневни ситуации. Денешните четири штанда кои беа подготвувани на ниво на генерација беа една применета лекција за здрава исхрана.

Во последно време сè почесто се распостелуваат чаршафите и на клупите се монтира богата трпеза за којашто сите плаќаат со симболична цена.

Овие штандови на здравата исхрана беа во контекст на целонеделната кампања на спортистите кои ги мотивираа своите соученици да се грижат за своето здравје. Спортувањето и здравата исхрана се две неразделни алки во синџирот наречен здравје.

ЦЕЛОСНАТА ФОТОГАЛЕРИЈА МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ НА ОФИЦИЈАЛНАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА. (КЛИК ТУКА)