Во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ денес се одржа 25-от Државен натпревар по информатика за учениците од средните и основните училишта во Република Македонија. Нашето училиште имаше двајца свои претставници, еден во почетно и еден во основно ниво на програмирање. Димитар Бајрактаров од прва година освои трета награда во почетничката група, а Ѓорѓи Каламерников од втора година освои втора награда во основна група. Овие двајца ученици обезбедија пласман на државно после успешните резултати од електронскиот регионален натпревар. Со нив работеше професорката по информатика и програмски јазици, Софија Тошева.
Учениците имаа предизвик да освојат колку што е можно повеќе бодови со решавање на 5 задачи во програмски јазик. Сите задачи кои беа дел од натпреварот се дизајнирани да бидат алгоритамски во природа. Ефикасноста игра важна улога во дел од задачите.
Државниот натпревар по информатика се одржува на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, во чии рамки се организира и работилница на тема „Активности на Здружението на информатичари поврзани со наставни програми по информатика„ како и презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ.
Пред присутните се обратија и деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов и претседателот на Здружението на информатичарите во Македонија, Миле Јованов.
Честитки за големиот успех на двајцата ученици и нивниот ментор!