Нашето училиште е дел од проектот на Младинскиот совет, СОУ „Димитар Влахов“ и НВО „Вепос“ по повод Светскиот ден на здравството.
Младите од сите средни и основни училишта во општина Струмица веќе ја поминаа првата обука на тема: „Венеричните болести закана за младите – како да се заштитиме?“.
Преку 30-минутни едукативни предавања се потсетуваат учениците за важноста на зачувувањето на нивното здравје.
На 26-ти февруари се зборуваше за првата тема, на 5-ти март ќе се одржи предавање на тема: „Гојазноста како најраспространет проблем во денешницата“, а на 12-ти март ќе се зборува за „Акните – најголем непријател на адолесцентите“.
Термин за прва смена е 13 часот, а за втора 13:40.
Предавањата ги одржуваат ученици од медицинските струки при СОУ „Димитар Влахов“.