Едукативни презентации по повод Светски ден за заштита на озонот
По повод Светскиот ден за заштита на озонот, 16ти септември, учениците од IV3 организираа едукативен настан за значењето и заштитата на озонската обвивка. Различните тематски презентации беа претставени пред учениците од другите години. Одговорни професори за одбележување на овој ден беа Ленче Ефтимова, Снежана Илиевска Поповска, Снежана Пијанманова и Зуле Цонева. Ним им се приклучи и професорот Митко Тошев.
Озонската обвивка е слој во стратосферата на висина од околу 10 km, таа е составенa од озон (О3). Озонската обвивка служи за да ја заштити Земјата од UV (ултра-виолетовите) зраците. Од друга страна, озонската обвивка се менува како резултат на природни влијанија и влијанија предизвикани од активности на човекот.
Човекот е еден од главните причинители за промените, односно уништувањето на озонската обвивка, со тоа што користи огромен број хемикалии како што се: дездорансите, горивата за автомобилите и.т.н. Со уништувањето на озонската обвивка, се прават т.н. „озонски дупки“ кои дозволуваат штетните UV зраци да дојдат во контакт со планетата Земја и со тоа можат да предизвикаат огромни штети на биосферата и организмите што живеат во неа.
За човекот, преголема изложеност на штетни UV зраци значи голем број на заболувања како што се: намален имунитет, прерано стареење на кожата, повреда на очите и рак на кожата.
Како може да ја заштитиме озонската обвивка?
За заштита на озонската обвивка можеме да придонесеме на неколку начини:
- Користење велосипеди или пак јавен превоз. Со оваа ќе се намали количеството на отровни гасови кои ги испуштаат автомобилите. Со ова придонесуваме за зачувување на озонската обвивка, но и почист воздух во околината каде што живееме.
- Забрана за користење на CFC (хлоро-флуоро карбонати) хемикалии.
- Рециклирање на веќе искористени материјали. Пластика, хартија, лименки и други материјали на кои им треба години и години за да се разградат во природата и ја загадуваат. Со рециклирање на тие материјали ќе се намали штетата за озонот и животната средина, но најмногу во океаните бидејќи голем дел од тие материјали на крајот се фрлат во океаните и морињата со што го загрозуваат морскиот растителен и животински свет.
- Замена на флуорните гасови во фрижидерите со “Green freeze”. Флуорните гасови кои можат да се најдат во пени и аеросоли, значително ја оштетуваат озонската обвивка со тоа што без број стари фрижидери на одпад ги испуштаат во атмосферата.
Сите може да учествуваме во заштита на озонската обвивка со мали, но, значителни промени и дела. Треба само барем малку да се потрудиме: Мисли глобално – делувај локално!
Надица Трајкова II-1