Во просториите на АРМ се случи официјалната промоција на видео-спот чија цел е подигање на свеста кај учениците за нивното учество во вонредени ситуации.
Станува збор за проект на УНДП, во чија реализација учествуваа општина Струмица, здружението „Новус’’, Факултетот за драмски уметности и институциите задолжени за вонредни ситуации.
На 9 јуни нашето училиште беше домаќин на младите актери средношколци од цела Струмица кои ги одиграа главните улоги во едукативниот филм на УНДП насловен како Не прај драма од катастрофа.
Инаку, главните улоги во едукативното видео ги имаа Велко Митев (Никола), Александра Мадевска (Лејла), Снежана Иванова (Александра), Никола Грнчаров (Марко), Емра Куртишова (наставничка) и Аспарух Ристов (домар).
Од денес филмот може да го погледнете онлајн:
http://www.youtube.com/watch?v=fZB8NUWK1U8