За потребите на проектот на USAID за меѓуетничка интеграција снимени се истражувања на економистите.
„Не се нашите разлики тоа што не разликува, туку нашата неспособност да ги препознаеме и прифатиме“, вака започнува филмот за меѓуетничка интеграција.
Учениците истражуваа дали во големите струмички компании се прифаќаат или потценуваат вработените од различна етничка припадност.
Десетина економисти од втора и четврта година под менторство на Борис Атанасов ги посетија бизнис-компаниите АД „Единство“ и ЈКП „Комуналец“ од Струмица. Целта беше да се поразговараа со управителите за процентот на вработени од други етнички заедници, колку етничката припадност е пресудно прашање при интервју за работа, постојат ли конфликти помеѓу вработените и сл.
Овие видео-материјали се склопени во краток петминутен филм со којшто учениците станаа дел од натпреварот за најдобар филм изработен од училиштата вклучени во проектот на USAID.
Во јануари, сите професори од нашето училиште и воопшто од Струмица како пилот општина на овој проект беа дел од обука на Центарот за човекови права и разрешување конфликти.