Креацијата „Македонската Кармен“ претставена преку ученичката Марија Абрашева продефилира на модната писта направена од стари водоводни цевки, пропратена со роботизирани аудио – визуелни ефекти.На четвртиот по ред Trash Fashion Macedonia 2014, кој се одржа вчера, на 05 јуни во Младинскиот Културен Центар – Скопје, учествуваа тимови од вкупно 45 средни училишта во Македонија.
Тимовите за изработка на своите модели, собраа преку 1000 килограми различни видови отпад, односно, реупотребени се околу 2.500 капачиња, 500 најлонски кеси, 30 килограми стара хартија, стар електронски отпад и др.
Стручното петчленото жири беше во состав: Франк Видеркер, регионален советник во Амбасадата на Швајцарија, Александра Младеновска-Костиќ, директор на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”, Росица Мршиќ – моден креатор, Тони Зен и Цаци Паковска – стилист.
Trash Fashion Macedonia 2014 се оддржува по повод 5-ти jуни – Светскиот ден на животната средина, а оваа година е дел и од настаните на листата на Обединетите Нации – програмата за животната средина UNEP.
Целта на овој настан е подигнување на општествената свест за зачувување на природата и намалување на отпадот преку негова реупотреба.