Во наредните три дена женската фудбалска екипа ќе престојува во Скопје за да ги одигра натпреварите од државното првенство.Првичниот успех на општинско ниво им овозможи на нашите женски фудбалерки да ги измерат своите сили со натпреварувачите од регионалните средни училишта.
На крајот од ноември ја поминаа и втората фаза, забележувајќи две победи на регионално ниво и победа над женската екипа на Велес, како противник од централниот регион.
Десетте наши ученички од прва и четврта година од четврток до сабота ќе се натпреваруваат за медал.
Им посакуваме многу среќа и успех на државното првенство на нашите спортисти и нивниот ментор Гоце Кончалиев.