Текст на Елена Орцева – ученик во четврта година Јазикот е богатство ако знаеш да владееш со него
Ако животот е тркало кое времето го движи, ние сме силата која ја избира насоката. Ако живееме во сегашноста не погледнувајќи кон долгиот тунел во кој се крие иднината никогаш не ќе направиме чекор напред. Денес си во Македонија, утре можеби ќе се разбудиш во Франција или Италија, а можеби и не. Но, зошто е важно да веруваме дека во кое било поднебје и да се будиш, колку повеќе јазици носиш со себе – толку си побогат?
Неодамна затекнав коментари дека јазичниот смер е помалку вреднуван во нашава Струмица и навистина се разочарав. Луѓето изгледа не знаат дека секој нов странски јазик е нов клуч од купчето клучеви кој ја отвора портата кон светот, кон иднината, кој ти дава надеж дека можеби еден ден ќе ти го отвори видикот и ќе ти ја покаже продорната моќ која ја поседува. Доволно е да изгледаш некој филм, да слушнеш некоја песна и блага насмевка и среќа ќе ти донесе самата помисла дека си успеал да ја разбереш. Чувството пак кога ќе се најдеш под странско поднебје и ги употребиш знаењата кои си ги понел со себе е незаменливо. Утврдено е дека луѓето кои зборуваат, владеат барем два странски јазици, задржуваат остар ум и добро помтење во староста. Факт е дека ја зајакнуваат меморијата и користат логика за составување цели реченици.
Како припадник на овој смер би сакала да ги охрабрам идните генерации кои имаат афинитети кон сознавање нови нешта и се пронаѓаат помеѓу јазичарите да го земат како можност и шанса, како дијамант кој не знаеш кога ќе заблеска на тебе. Ќе се мачите малку со времиња, зборови, но секоја мака носи наука, зар не? Una volta che si parla Italiano tu non ci vuole rinunciare. You only live once, but if you do it right, once is enough. Les Fracais ont une prononciation difficile, mais il est tres romantique. In vino veritas. Homo homini lupus est…
Кога еднаш ќе влезеш во светот на јазиците не те пуштаат да излезеш така лесно, а и… „Колку повеќе јазици знаеш – толку повеќе вредиш!“