Денес во Кавадарци беше одржан државниот натпревар за средношколски оркестри на кој учество обезбедија и нашите инструменталисти.
Со дипломата за највисоката, прва награда, тие го понесоа епитетот НАЈДОБАР ОРКЕСТАР ЗА 2015 меѓу сите средни училишта во Македонија.
Музичарите од оркестарот за нашиот сајт велат дека се чувствувале одлично подготвени пред натпреварот, а покрај огромната конкуренција добиле големи пофалби од стручното жири пред кое се натпреварувале.
Искусната и добро вклопена група музичари на натпреварот се претстави со две композиции: извонредниот филмски саундтрак од Пиратите од карибите и преработката на изворната Со маки сум се родила од Леб и сол.
Најдобриот средношколски оркестар во Македонија денес настапи во состав: Магдалена Стојанова, Христијан Мучев, Зоран Трендов, Димитар Мицев, Саше Урдовски, Трајче Крстев и Игор Стефановски. Професорот по музика, Денис Кирчанов е гордиот ментор на талентите со кои во континуитет реди одлични успеси. Честитки за големата награда за нашите музичари!
Во продолжение уживајте во изведбата на победничката Деветка од Леб и сол: