На 05.04.2017 год., нашето училиште беше домаќин на делегација од рускиот град Електростаљ. Членови на делегацијата беа Заменик градоначалникот на Електростаљ, г-дин Дмитриј Гусев, претседателот на Советот на Електростаљ, г-дин Валериј Кузмин, член на Советот и воедно директор на ,,Комбинат за училиштен кетеринг”, г-дин Виталиј Шапарниј, двајца културни уметници и шефот на протоколот во руската амбасада, а воедно и преведувач, г-динот Станислав Лупин.
Гостите беа во обиколка низ училиштето, а посебно беа заинтересирани за разгледување на кабинетите. Потоа се отвори изложбата на фотографии, која беше главна цел на посетата. На фотографиите имаше слики од Јуриј Гагарин по повод првото полетување на човекот во вселената, како и интересни делови од градот Електростаљ. Наши ученици извршија кратка презентација поврзана со Јуриј Гагарин, а посетата на гостите ја искористија и за поставување прашања поврзани со нивниот град, култура, образование и слично.
Целата посета помина во многу пријатна атмосфера.