Утре за прв пат во Македонија ќе се одбележува светскиот ден на пулмонална хипертензија за да се подигне свеста за постоење на оваа болест. Централниот настан ќе се одржи на 4 мај во Гевгелија под мотото ОСТАНИ БЕЗ ЗДИВ ЗА ПХ. Освен хуманитарниот почесен маратон во должина од 4 км организаторите подготвуваат голем музички настан со почеток во 12:30 часот. На сцената во центарот на Гевгелија ќе настапуваат и нашите ученички Слободанка Гражданлева и Ана Цамбулева. Дел од музичарите кои се дел од настанот се Бени Шакири, Игор Узунов, Дејан Јованов, Марија Ичкова, Теодора Гошева и други.
Со ученичките ќе отпатува и професорката Анита Станковска која заедно со здружението „АПХ Момент Плус“ –Македонија го обезбеди настапот на ученичките како големи музички таленти во Струмица.
Целта на кампањата е рана дијагноза, содветен третман и пронаоѓање на лек за пулмонална хипертензија. ПХ е тешко заболување со кое сериозно се ограничува работата на телото и може да заврши со смрт. Таа сериозно влијае врз секојдневните активности. Се појавува во разни форми, од кои некои се и ретки. Без разлика, се појавува независно од возраста или етничкото потекло и може секој да ја добие. Додека за повеќето од нас дишењето е автоматско, за луѓето со пулмонална хипертензија секој здив е предизвик. Не треба да чекаме, туку да дејствуваме веднаш.