Во четвртиот класификационен период учениците од четврта година подготвуваат свој бизнис план по предметот бизнис и претприемништво.
Сите седум паралелки од гимназискиот смер поделени во неколку групи најпрво учеа за составните делови на бизнис планот, па го подготвуваа и на крај ја презентираа својата иновативна идеја.
На овој начин учениците вежбаа како да ја изберат најиновативната идеја откривајќи ги нејзините јаки и слаби страни, можности и закани. За изработка на своите проекти тие истражуваа, подготвуваа рекламен материјал, преземаа ризик со цел финалниот производ да биде високо оценет на часот по бизнис и претприемништво.
На овој начин професорката Тинка Заева ја подготвува секоја генерација да стекне искуство во преземање на иновации, финансии и бизнис идеи, со што учениците ќе научат поекономично да произведат економски добра. Преку презентација на својот бизнис учениците стекнуваат и поголема самодоверба којашто понатаму ќе им помогне на пазарот на трудот.
Освен како дел од годишната програма за време на часовите, наши претставници учествуваат и на дополнителни натпревари организирани од Бизнис старт-ап центарот од Скопје и константно остваруваат одлични резултати, а со тоа помагаат на економскиот развој на државата.