Од оваа учебна 2014/2015 година направени се измени во наставниот план на гимназиското образование во природно-математичкото подрачје-комбинација А.Овој предмет, како и претходно ќе го изучуваат учениците од природно-математичкото Б подрачје, но е новитет за двете паралелки кои се А комбинација.
„Заради овозможување континуитет во изучувањето на информатичките науки и проодност кон техничките науки во високото образование, во трета година во истото подрачје воведен е предметот програмски јазици со два часа неделно, а продолжува со три часа неделно со нова наставна програма во четврта година“, известуваат од Бирото за развој на образованието.
Според наставната програма за предметот програмски јазици се очекува учениците да научат поими, правила, постапки и процедури за изработка на проекти и програми со користење на компјутер; да ја планираат и ја организираат својата работа на конкретна задача со компјутер; да комбинираат различни техники за програм при реализација на одредена задача и да изготвуваат целосен проект и готов продукт.
Воедно, адаптирани се наставните програми по алгебра и линеарна алгебра и аналитичка геометрија во трета година со неделен фонд од 2 часа.