Како ќе патувате по патот на успехот и среќата?

Текст на Полина Ашикова – професор по економија и сметководство

Како ќе патувате по патот на успехот и среќата?

За да ги искористите способностите кои ги имате треба постепено да се ослободите од било кој изговор на губитникот во себе.Типичен изговор на еден губитник е: „Јас не сум роден за продавач, лекар, уметник, спортист.“ Кога слушаме дека некоја жена родила девојче или момче, не сме слушнале дека некоја жена родила продавач, лекар. Всушност не сме слушнале или виделе некоја жена да роди успех или неуспех. Не сме сретнале некој да каже: „Јас сум крив за мојот неуспех“.

Знаете што прават некои луѓе? Го вперуваат прстот и велат: „Јас не сум успешен и среќен поради моите родители“. Некои ги обвинуваат наставниците, сопругата,шефот. Некои кажуваат дека се премногу стари или премногу млади, премногу дебели или премногу слаби, премногу високи или премногу ниски, дека се родени под погрешна ѕвезда или на погрешно место.

Вашиот успех и вашата среќа почнуваат од Вас. Вистината е во тоа дека секој човек ги поседува способностите за успех! Меѓутоа ако не се користат, способностите ќе се изгубат. Успехот е едно патување, правец во кој патувате.

Како ќе патувате по патот на успехот и среќата?

1. Треба да верувате во себе. Имајте позитивна слика за себе. Таа ќе има чудесна моќ на вашите способности за учење, на изборот на другари, сопруг и кариера. Но едно  мора да се нагласи: не зборуваме за вообразена слика за себе бидејќи од сите болести кои ги познава човекот вообразеноста е најнесфатлива, впрочем човекот со тежок случај на „јас“ пати од крајно сиромашна слика за себе.

Неколку чекори до здрава слика за себе

1. Направете попис на вашиот личен „инвентар“ – сакајте се себеси!

– вашето здравје (не би го менувале за пари, верувам!)

– вие сте единствени на овој свет, нема друг како вас во толпата наречена „милијарда луѓе“

– во библијата е потврдено твоето постоење бидејќи Господ го створил човекот. Господ те сака без разлика дали тоа ти се допаѓа или не
2. Облечете се убаво – дотерете се! Начинот на кој изгледате дефинитивно е поврзан со тоа како се чувствувате и се гледате себеси одвнатре.

3. Читајте ги биографиите на познатите луѓе.

4. Слушајте ги и гледајте ги говорниците, наставниците, свештените лица – ќе добиете поттик на многу начини.

5.„Јас можам“ – бидете смели и реализирајте ги поставените задачи. Постепено, тоа ќе Ви ја зголеми самодовербата. Детето кога ќе ја научи таблицата множење со 2, почнува да ја учи таблицата со 3 па 4….го зголемува својот успех и верува дека може повеќе.

6. Ширете оптимизам и добро расположение. Кога ќе се насмеете некому и тој ви возврати тогаш вие автоматски подобро се чуствувате. Во исто време ќе станете побогат со тоа што вашата насмевка ја давате на другата личност. Истото важи и за комплиментите. Кога давате  искрен комплимент на некоја личност, таа ќе се чувствува подобро и ќе се сака себеси повеќе. Невозможно е да помагате некому да се чувствува подобро, без и вие да го почувствувате истото.
7. Направете нешто за другите луѓе. Посетете некој болен, бидете волонтер некаде, поминете некое време со хендикепирани деца, направете некој колач и повикајте ги другарите. Советувајте некого, но сèда биде без паричен надомест.
8. Внимателно бирајте ги другарите.Дружете се со луѓе оптимисти,ентузијасти,луѓе со висок морален карактер…луѓе кои ја гледат сончевата страна на животот.Запомнете дека и вие стекнувате начин на размислување, манири и карактеристики од луѓето кои ве опкружуваат.
9. Напишете си листа на позитивни особини кои ги поседувате и чувајте ја кај себе. Замолете ги пријателите да направат листа на работи кои ги сакаат кај вас. Чувајте ја неа и споредувајте ги.
10. Направете листа на ваши победи која ќе ве потсетуваат на вашите успеси во минатото. Листата треба да ги содржи сите работи кои ви пружиле задоволство и почит.
11. Избегнувајте ја порнографијата. Сè што влегува во вашиот ум има влиjание и трајно е запишано.Тоа делува на здравата слика за себе.
12. Гледајте ги луѓето во очи кога зборувате. Луѓето тоа го сакаат. Тргнете си од себе.
13. Променете го вашиот физички изглед, изгледајте практично и посакувано.

2. Бидете посветени на тоа што го работите. Образованието е важно, но посветеноста е дури поважна. Хенри Форд го напуштил школувањето на 14 години. Посветен продавач, механичар, наставник, менаџер….Посветениот учител кој избрал да остане во некое селце е можеби единствената надеж за децата во тој дел да ги пробијат границите кои можеби им ги поставиле родителите.

3. Може да постигнете во животот сè што сакате ако доволно им помагате на другите да го постигнат она што го сакаат. Исправно е да поседувате пари сè додека ги заработувате на исправен начин и не дозволите парите да ве поседуваат Вас, бидејќи тогаш нема да бидете среќни.

4. Пронајдете ги добрите особини во другите и начинот на кој ги гледате другите. Животот е одек. Она што го сеете – тоа ќе го жнеете. Она што го давате – тоа и го добивате. Она што го гледате во другите луѓе – постои и во вас. Без разлика на тоа што работите, ако сакате да ја соберете најголемата награда на сите полиња на животот, тогаш мора да го барате доброто во секоја личност и во секоја ситуација и да го прифатите тоа правило на живот. Пофалете ги луѓето за нивните добри особини или дела, секој го сака тоа. Искрениот комплимент е еден од најефикасните воспитни и мотивациони методи на светот. Комплиментите можеби понекогаш изгледаат провидни, полни со воздух, но како што го користиме воздухот за полнење на гумите на автомобилите, комлиментите можат да ни го олеснат патувањето по животниот автопат. Хранете ги другите и вие добро ќе се нахраните.

* На еден учител му кажале: „Имате среќа. Ќе работите со деца генијалци. Тие се толку бистри и интелигентни, ќе ви даваат одговори пред да им поставите прашања. Некои се бистри, но мрзеливи и ќе пробаат да ве убедат да им давате помалку задачи. Не слушајте ги и не грижете се, овие деца сепак ќе ги решат и најтешките задачи. Морате да им дадете повеќе поверение заедно со секојдневната инјекција на љубов, дисциплина и искрено интересирање.

* На друг учител му кажале: „Вие ќе имате работа со просечни деца. Не се ни премногу бистри, ни премногу глупи. Имаат просечен IQ, образовна позадина и способности, па очекувајте просечни резултати.

На крајот на учебната година нормално учениците наречени „гении“ имале многу подобри резултати.

Заклучок: Не се работело за ученици генијалци. Сите ученици биле просечни. Единствената разлика е во ставот на учителот. Учителот мислел дека просечните деца се генијалци, па така и ги третирал, очекувал од нив да се однесуваат како генијалци, а тоа и го направиле. Им било дадено нешто што ги мотивирало, а не нешто што ги спречувало.

Вистина е дека начинот на кој се однесувате со нив и начинот на кој ги гледате го носи и резултатот кој ќе го постигнат.

Продолжува…..
Наставник:Полина Ашикова