Скоро секој ден од последните два месеци матурантите имаат можност да присуствуваат на различни предавања.Петта година по ред НВО „Продолжен живот“ во соработка со Отсекот за превенција при СВР Струмица одржува едукативни предавања посебно наменети за матурантите. Денес, 23 април, во салата за состаноци 50-тина матуранти присуствуваа на предавање на тема „Превенција од трговија со деца“ и „Превенција од семејно насилство“.
„Децата не се доволно информирани за овие две теми и тоа дава една јасна порака дека треба почесто да бидеме со нив на терен и да ги запознаваме и едуцираме со цел да се заштитат“, вели координаторот на невладината организација „Продолжен живот“ од Струмица.
Во Струмица е зголемено пријавувањето на семејно насилство, па со континуитет на ваквите трибини и обуки за средношколците ќе се намали срамот од пријавување на проблемите.