Националниот натпревар за есеи повторно распишува конкурс на којшто учество може да земат средношколците од прва до четврта година.
Есејот треба да биде меѓу 350-500 зборови што ќе одговорат на прашањата:
кои се предностите на зборување странски јазик? Кои се предностите на разбирање и зборување други јазици? Дали познавањето повеќе од еден јазик ви помогнало да постигнете нешто? Дали имате соништа за чие остварување ви е потребно да зборувате повеќе јазици?
Рокот за доставување на есеите е 31 јануари 2014 година, а сите задоцнети пријави нема да бидат прифатени.
Секој што ќе поднесе есеј ќе добие сертификат за учество на натпреварот. Регионалните победници ќе добијат дипломи, а националните победници ќе учествуваат на церемонија за доделување награди. Победниците ќе бидат објавени во февруари 2014.
Есеите треба да се испратат на официјалната фејсбук страница: www.facebook.com/MacedoniaEssayContest.