Денес во Младинскиот културен центар вкупно 48 училишта претставија свои модни креации од рециклирани и реупотребени материјали.
Тимови од три ученици заедно со нивните ментори учествуваа на големата модна ревија.
Креацијата БАРОК СКВО на нашиот тим влезе во најдобрите 10 финалисти кои в петок ќе бидат специјални гости во Швајцарската резиденција. Светскиот ден на животната средина – 5 јуни ќе биде одбележан со голема лицитација на којашто ќе бидат изложени на продажба најдобрите креации.
На настанот во организација на ОХО, Министерството за образование и Швајцарската амбасада ќе присуствуваат голем број амбасади и нивни претставници.
На рециклираниот модел Барок СКВО работеа ученичките Сара Алаѓозовска, Софија Макенаџиева и Јулија Станковска од трета година под менторство на професорката Анита Станковска.