На 4-ти април се одржа 48-от регионален натпревар по физика. За нашиот регион се одржа во ПСУ “Јахја Кемал” – Струмица. Од нашето училиште учествуваа повеќе ученици, особено од прва година.Нашата ученичка Магдалена Георгиева од прва година освои трета награда, исто така Наташа Ковачева од прва година доби пофалница и Љубица Бонева од трета година доби пофалница.
Сите ученици коишто го поминаа регионалниот натпревар, ќе се пласираат на државен натпревар по физика. Државниот натпревар по физика ќе се одржи на 25-ти април 2015 година. Наши ученици кои се пласираа да учествуваат на државниот натпревар се:
– прва година: Магдалена Георгиева, Наташа Ковачева и Ева Зимбакова, под менторство на Ванчо Белчовски;
– втора година: Димитар Бајрактаров под менторство на Ленче Ефтимова;
– трета година: Љубица Бонева под менторство на Трајче Милков;
– четврта година: Методи Белчовски под менсторство на Ванчо Белчовски.
„Би сакал да искажам посебна благодарност кон ученичката Магдалена Гeоргиева, која натпреварот по физика го напушти 15 минути пред време за да може да учествува на општинскиот натпревар по биологија, кој се одржа во нашето училиште и го освои првото место. Со тоа се пласира на регионалниот натпревар по биологија. Со тоа покажа голема желба, храброст, пожртвуваност, но и знаење… Благодарност и до сите наши ученици кои зедоа активно учество на натпреварите… На учесниците на државниот натпревар по физика им посакувам многу успех“, рече професорот Белчовски.
На сите наши ученици им посакуваме голем успех на државниот натпревар по физика кој е на прагот.