Вчера официјално започна полуфиналниот натпревар на Светскиот ученички куп во Барселона каде што учествуваат повеќе од 5.000 ученици од над 50 земји, а меѓу нив се и 26 наши ученици кои заедно со уште 17 ученици ја претставуваат Македонија.
На отворањето на натпреварот учествуваше и Тина Џеповска, претставничка од македонската амбасада во Шпанија која одржа поздравен говор пред учениците и професорите од Македонија кој учествуваат на натпреварот.
Учениците од Македонија се квалификуваа за полуфиналниот натпревар во Барселона преку локалната рунда во Струмица која се одржа во април оваа година, а беше на иницијатива на нашето училиште по успесите на три наши ученички минатата година.
Оваа полуфинална рунда во Барселона ќе трае до 27 јули и се одржува на Меѓународниот конвенционален центар, сместен покрај брегот на Средоземното Море, а најдобрите на истата ќе се квалификуваат за финалниот натпревар кој секоја година се одржува на Јејл универзитетот во Њујорк.